Општина Центар продолжува со интензивно одржување на јавната хигиена, миење и чистење на улиците, контејнерите и урбаната опрема. Градоначалникот на Центар Горан Герасимовски најави наводнување на садниците и миење на улиците и контејнерите доцна попладне особено за време на екстремно високите температури.
Од Општина Центар информираа дека денеска цистерна ги миела улиците и контејнерите зад Универзалната сала, кај Вучко во населба Буњаковец и кај ООУ „Јохан Хајнрих Песталоци“, а утре ќе продолжи во Дебар Маало.