Со поставката „75 / 75“ ќе бидат обележани 75 години од формирањето на Националната галерија

galerijaa
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Националната галерија во објектот Чифте амам утре отвара изложба под наслов „75 / 75“ со почеток во 20 часот.  Со оваа изложба ги започнува активностите за одбележување на  75 години од формирањето на Националната галерија.

– Континуираната успешна визија и мисија на нашата институција за собирање, чување, заштита и презентација на културното наследство, симболично ја крунисуваме со изложување на 75 ексклузивни уметнички дела. Селекцијата се базира на дела во кои ликовниот јазик на врвните мајстори се движи од класицизам до модернизам, со акцент на студиозно третирање на фигурата и портретот, информираат од Националната галерија.


На изложбата „75 / 75“ ќе бидат претставени дела од: Сава Шумановиќ, Матеј Стернен, Константин Данил, Никола Алексиќ, Стефан Тодоровиќ, Весна Соколиќ, Урош Предиќ, Паја Јовановиќ, Матеј Јама, Надежда Петровиќ, Зора Петровиќ, Пјер Крижаниќ, Петар Добровиќ, Моша Пијаде, Влахо Буковац, Крсто Хегедушиќ, Марко Мурат, Леон Коен, Целестин Медовиќ, Никола Мартиноски, Лазар Личеноски, Ќорќи Јаков Зографски, Коста Шкодреану, Димитар Андонов Папрадишки, Димитар Пандилов Аврамовски, Катја Ефтимова, Лена Стефанова (сликари); Антун Аугустинчиќ, Воин Бакиќ, Тома Росандиќ, Петар Палавичини, Иван Мештровиќ, Димо Тодоровски, Љубомир Стефановски, Борка Аврамова, Франо Кршинич, Борис Калин, Ристо Стијовиќ и др. (скулптори).

Изложбата ќе трае до 19 август, а на 2 август, датумот кој се совпаѓа со отворањето на Галеријата, влезот во сите објекти ќе биде бесплатен.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK