ИНТЕРЕСНО е да се знае која е точната цел на денешната посета на европската дипломатска тројка на Македонија. Уште поинтересно е зошто многумина ја именуваат како Вајмарска тројка. Дали, на тој начин, сакаат да потстетат на Вајмарскиот Устав/Weimarer Verfassung (од 11 август 1919 година), донесен после целосната к а п и т у л а ц и ј а на Германија во Првата светска војна, како и на Вајмарската Република/Weimarer Republik, која се темелела токму врз тој устав? П.С. Навистина, која е врската меѓу Вајмар, капитулирана Германија и Македонија?