Шведската Влада презентираше план од 522 милиони евра за обнова на Украина

shvedska_34534543534
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – Шведската Влада денеска го презентираше повеќегодишниот план за помош и реконструкција за Украина, вреден шест милијарди круни (околу 522 милиони евра).

„Од 1 јули 2023 година до 31 декември 2027 година, на Украина ќе и бидат доделени шест милијарди круни како дел од „историската стратегија“, изјави за новинарите шведскиот министер за надворешна трговија и меѓународна помош Јохан Форсел.


Според него, таа сума од шест милијарди е само основа, бидејќи ќе се зголемува. Целта е тие пари да се искористат за обнова на Украина, а во перспектива Шведска да се приклучи на Европската унија.

„Нашата амбиција не е да го обновиме тоа што постоело, туку да изградиме нешто ново…“, изјави Форсел.

Средствата ќе се инвестираат во инфраструктурата на земјата, како што се здравствените и образовните установи. Преку оваа стратегија ќе се промовира и пристапот на Украина до обновлива енергија.

Идејата е да се поттикне економската размена меѓу двете земји, но и во самата Украина, особено преку стимулирање на претприемништвото, борба против корупцијата и работа на поголема транспарентност.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK