Герасимовски: Секоја недела килограм овошје од прва класа за сите деца запишани во градинка

gerasimovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на Општина Центар,  Горан Герасимовски заедно со министрите за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски и за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска ја посетија градинката „Кочо Рацин“, објект „Панорама“ каде што  ја стартуваа  кампањата на МЗШВ „Здрав оброк за секое дете“.

-Овошјето е неизбежна ужинка за сите деца. Токму затоа ме радува што дечињата ќе јадат проверени и безбедни домашни овошја од прва класа произведени во нашите овоштарници и од нашите земјоделци. Мило ми е што кампањата „Здрав оброк за секое дете“ започнува од наша центарска градинка и што при делењето дечињата се запознаат со витамините на овошјата и бенефитот од нивното конзумирање. Важно е овошјето и зеленчукот да бидат вклучени во секојдневното детско мени уште од рана возраст. И ние токму тоа се обидуваме да направиме, да стекнеме здрави навики за здрава и квалитетна исхрана за дечињата , изјави Герасимовски.


Тој вели дека проектот „Здрав оброк за секое дете“  се реализира втора година по ред преку програмата на МЗШВ и партнерство на МТСП за поддршка на откупот за овошје, зеленчук, млеко и млечни производи произведени од земјоделците. Според него, преку овој проект секое запишано детенце во градинка еднаш неделно ќе добива по еден килограм македонско овошје, кајсии, праски, сливи, круши и јаболки од прва класа. Сето ова  е под строг мониторинг на ДИЗ и АХВ кои ќе гоконтролираат квалитетот и безбедноста.

Покрај делење здрави оброци за дечињата  беше организирана и креативна работилница во која градоначалникот Герасимовски и  министрите Николовски и Тренчевска подготвуваа разни производи од овошје.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK