Кошаркарите на Олимпијакос ја победија Валенсија по продолжение со 102:97 во петтото коло од Евролигата.
Нестварен натпревар одиграа овие два тима во Роѓ Арена. Се чинеше дека актуелниот шампион е на пат кон дебакл, а потоа се издигна како Феникс од пепелта и успеа да победи во дополнителни пет минути.
Валенсија одлично играше во првото полувреме и целосно го затрупа кошот на Олимпијакос, кој не знаеше каде е.
На почетокот на третиот дел, разликата беше максимални 28 поени за домашниот тим. Сепак, Олимпијакос почна постепено да ја топи разликата, а на крајот од последната четвртина, Валенсија имаше само 12 поени предност.
Работте во свои раце ги зеде Фурние, и заедно со Монтеро успеа да режира израмнување и пресврт. Финишот беше за инфаркт. Шортс израмни од пенал линијата, а Монтеро го промаши шутот за победа.
Двата тима потоа се менуваа во водствот во текот на продолжението, а потоа Монтеро го турна Олимпијакос со тројка, а Фурние ја запечати победата на гостите од пенал линијата.
Монтеро со 26 и Фурние со 23 поени беа главните протагонисти на најголемиот триумф на Олимпијакос од почетокот на сезоната, додека Миротиќ не ја предводеше Валенсија со 19 поени, Шортс постигна 16.
Драма се одвиваше и во Вилербан, каде Асвел со кош, со звукот на сирената, загуби од Црвена звезда 82:84.
Екипата од Белград имапе шест поени предност по првата четвртина. Следуваше серија на Асвел 15:2, но до полувремето Добриќ со две тројки обезбеди пристоен минус за својот тим.
Црвена звезда ја врати предноста во последните две минути. Последниот напад за Асвел не го реализира Вотерс, останаа осум секунди за гостите, а Џонс успеа да погоди со звукот на сирената.
Foto/ EPA