Првиот ден од второто коло, во Лигата на шампионите, донесе два шоканртни резултати. Интер загуби на домашен терен од Бриж (3:4), а Баерн не успеа да го победи аутсајдерот Викинг, во Ставангер беше 3:3.
Викинг вечерва направи вистинско шоу, и по 38 минути дебитантот во ЛШ, против големиот фаворит имаше предност од 2:0. Стрелци беа Стенснес и Кристијансен.
Екипата на Винсент Компани успеа некако да се „опорави“ и да направи пресврт од од 54-та до 71-та минута, постигнаа три гола, два Кејн и еден Диас.
Но, тоа не беше крајот на драмата.
Олисе успеа да добие два жолти картони еден по друг во 73-та минута и да го остави својот тим со играч помалку, што беше казнето од Хауген во 90-та.
Интер, минатата сезона доживеа пораз од Боде/Глимт, а вечерва целосно го шокира Италијанецот кој реши да игра за Германија. Тресолди со хет-трик му пресуди на фаворитот.
Гостите поведоа преку Тресолди од пенал во 30-та минута, а Лаутаро Мартинез израмни во 44-та.
Тресолди потоа продолжи со своетп шоу, постигна уште два гола во 63-та и 74-та минута.
Мартинез потоа го намали резултатот, но во 87-та минута, Вермант го зголеми резултатот на 4:2. Бони успеа повторно да го намали резултатот во 93-таа минута, но немаше време за чудо.
Лига на шампиони, 2. коло
вторник:
Ленс – Спортинг 0:2 (0:1)
Суарез 22, Думбија 74
Сабах – Славија Прага 2:0 (0:0)
Перис 49, Микелс 88
Арсенал – Лил 3:0 (0:0)
Тимбер 64, Езе 67, Сака 71
Атлетико – М. Јунајтед 2:0 (1:0)
Бариос 1, Лукман 79
Галатасарај – Барселона 1:4 (1:1)
Батраков 28 – Кансело 43, Фермин 50, Гордон 53, Адејеми 65
Интер – Клуб Бриж 3:4 (1:1)
Мартинез 44, 81, Бони 90+3 – Тресолди 30п, 63, 74, Вермант 87
Лајпциг – ПСВ 1:0 (0:0)
Грутка 75
Викинг – Баерн Минхен 3:3 (2:0)
Стенс 2, Кристијансен 38, Хауген 90 – Кејн 54п, 60, Диас 71
Виљареал – Наполи 3:1 (2:1)
Микаутадзе 23, Мурињо 26, Олувасеји 86 – Рахмани 8.