Запалено возилото на началникот на СВР-Штип

mvr_768687676
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Рано изутрината на паркинг на улицата „Ванчо Китанов“ настанал пожар на возило марка „ауди5“, чиј сопственик е  началникот на СВР-Штип, Боби Гидиоски.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панајотова потврдува дека во населбата Сењак е опожарено едно возило, а пријавата е од граѓанин во 03:01 часот. Веднаш е повикана Територијалната Противпожарната едница-Штип, на самото место интервенирале пожарникарите и не дозволиле огнените јазици да ги зафатат останатите паркирани возила.


Во тек е увид на местото каде што е  опожарено возилото. Истрагата треба да открие дали станува збор за самозапалување или намерно палење на возилото на началникот на СВР-Штип, Гидиоски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK