Лула да Силва: Договорот со ЕУ треба да биде избалансиран

LULA
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

„Би сакале да имаме договор што ќе го зачува капацитетот на различните страни да одговорат на идните и сегашните предизвици“, изјави денеска бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, изложувајќи ги своите идеи за финализирање на трговскиот договор меѓу Европската унија и латиноамериканскиот трговски блок Меркосур, јави ДПА.

Земјите од Латинска Америка и Карибите „бараат инвестиции во инфраструктурата, разновидна логистика, социјална и урбана инфраструктура“, рече тој.


Лула ја истакна важноста на јавните набавки во трговските односи меѓу Бразил, Аргентина, Парагвај и Уругвај – таканаречениот трговски блок Меркосур – и ЕУ.

-Владините набавки се витална алатка за вмрежување на инвестициите во инфраструктурата и одржување на нашата индустриска политика, изјави бразилскиот претседател.

„Договорот меѓу Меркосур и Европската унија, кој треба да биде избалансиран, кој (ние) имаме намера да го склучиме оваа година, ќе отвори нови хоризонти“, додаде Лула, пренесе ДПА.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK