Дебитантскиот краткометражен филм „Досие иднина“ во режија на Гоце Трајковски вечерва премиерно ќе биде прикажан на 22-то издание на Фестивалот на европски филм „Синедејс“.
Главните улоги ги толкуваат: Ана Стојановска, Ебру Мусли и Береда Решит. Сценариото е на Гоце Трајковски и Никола Кузелов, кинематограф е Душан Кардалевски, монтажер Михаил Димитров, сценограф Сашо Блажевски, а костимите се на Роза Трајчевска.
Во филмот главната улога ја игра смртта. Вообличена во убава млада жена, смртта влегува во животот на еден брачен пар, создавајќи љубовен триаголник.
Филмот е во продукција на „Слобода филм“ – Скопје.