Нани се врати во турскиот фудбал

nani
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот португалски репрезентативец и долгогодишен фудбалер на Манчестер јунајтед, Нани, е нов играч на Адана, потврди синоќа турскиот клуб.

Нани минатата сезона настапуваше за австралискиот прволигаш Мелбурн, а со Адана потпиша двегодишен договор.


Португалецот се враќа во турското првенство во кое го носеше дресот на Фенербахче во сезоната 2015/16.

Најдобрите години во својата кариера Нани ги мина како фудбалер на Манчестер јунајтед со кој освои четири шампионски титули во Премиер лигата, како и трофејот во Лигата на шампиони во 2018 година.

Репрезентативната кариера ја заврши со 112 настапи за Португалија со која го освои и Европското првенство во 2015.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK