Министерот Спасовски на средба со раководството на Европската џудо федерација

spasovski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерот за внатрешни работи на Република Северна Македонија, Оливер Спасовски, денеска оствари средба со делегација на Европската џудо федерација, претставувана од претседателот и потпретседателот, Ласло Тот и Хрвоје Линди.







Тој беше информиран за динамиката со која се спроведуваат подготовките за претстојното Европско првенство што од 12 до 14 август ќе се одржи во нашата земја. Оваа манифестација се одржува прв пат кај нас и ќе опфати 400 натпреварувачи и 120 гости, соопшти МВР.

На крајот од средбата министерот Спасовски и Тот истакнаа подготвеност за продлабочување на соработката меѓу Министерството за внатрешни работи и Џудо федерацијата на Северна Македонија, што, според нив, би била од исклучително значење за припадниците на полицијата и, воопшто, за јакнење, напредок и просперитет на спортот. Исто така, на средбата беа присутни и претставници на Џудо федерацијата на Северна Македонија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK