Штипските пожарникари апелираат да не се палат стрништата

sumi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Штипските пожарникари денеска со апел да не се пали оган на отворено, а особено  земјоделците да не ги палат стрништата по жетвата на житните култури.

Командирот на ТППЕ- Штип, Дарко Коцев, вели граѓаните ако  забележат оган веднаш да пријават, со цел источниот регион да не се соочи со пожари како во 2021 година. Смета дека  треба да се зголемат кампањите за да се подигне свеста кај граѓаните.


-Да не се пали оган на отворено место и необезбедено место, земјоделците да не палат стрништа и други земјоделски посеви, да не се пали отпад и лесно запаливи материи, а граѓаните имаат должност доколку видат оган на отворено да известат, прво на 193 за да може да се реагира да не дојде до пожари со поголеми размери. Со кампањи треба да се вклучиме за да можат земјоделците, да им се даде апел да не ги палат стрништата бидејќи од едно запалено стрниште може да дојде до многу голема материјална штета, рече Коцев.

Посочи дека се подготвени и  имаат опрема доколку мора да интервенираат на пожар на отворено.

-Со заедничка соработка со Локалната самоуправа и ЛЕР тимот во Општина Штип ние успеавме да набавиме две нови возила. Набавивме одела за шумски пожари и пожари на отворен простор и за урбана средина. Набавивме и пумпи за црпење вода на атмосферски води во случај на поплави. Во овој дел сме добро опремени како противпожарна единица, рече Коцев.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK