Членовите на Младинскиот совет на прием кај градоначалникот на Општина Гостивар

mladinski sovet--Gostivar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Новоизбраните членови на Младинскиот совет на Општина Гостивар се сретнаа со градоначалникот Арбен Таравари и ги претставија плановите за работа и делување. На средбата беше потврдена и унапредување на натамошната соработка.

Таравари на приемот им го честита изборот на Младинскиот совет и истакна дека изборот бил спроведен според демократски принципи. Тој изрази надеж дека ова раководство ќе биде активно за време на нивниот мандат кој трае две години.


-Ни се отвора можност да спроведеме заеднички проекти кои се во интерес на младите во нашата општина. Сакам да им порачам дека ќе им бидеме поддршка и ќе помогнеме како општинска администрација колку што можеме, рече градоначалникот Таравари.

Младинскиот совет беше повторно формиран со Одлука за реактивирање на Младинскиот совет која беше донесена во мај на седница на Советот на Општина Гостивар. Во локалниот младински совет има 11 членови како претставници на подмладоците на политичките партии, граѓанските организации и средните училишта. На неодамнешните избори за претседател избран е Леутрим Билали, а за потпретседателка Викторија Филипоска.

Како приоритети во работата тие го истакнаа зближувањето на младите и во рамки на законот за млади, ќе делуваат како советодавно тело во интерес на младите во општината.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK