Општина Гостивар ќе формира Центар за згрижување и заштита на жртви на семејно насилство

Gostivar
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Гостиварската локална самоуправа преку соработка со невладиниот сектор планира да формира Центар за заштита на жртви од семејно насилство. За оваа цел и реализација на повеќегодишната иницијатива отворен е конкурс, на кој до крајот на јули ќе може да се доставуваат пријави.







Од Општина Гостивар информираа дека денес е објавен Јавен повик за прибирање предлози за Проектни иницијативи од граѓански организации за формирање на Центар за грижа и заштита на жртви на семејно насилство.

– Општина Гостивар за оваа намена од буџетот на општината издвои 1.2 милиони денари. На повикот може да се пријават сите здруженија со седиште во општина Гостивар, наведуваат од информативната служба на општината.

Детали за критериумите, потребната документација и пријавувањето на повикот може да се најдат на официјалната страница на локалната самоуправа www.gostivari.gov.mk и до Комисијата за која реализира повикот.

Рокот за поднесување на пријави со потребната документација е 15 денови (од 10.07.2023 до 28.07.2023 година) по што резултатите од Јавниот повик ќе бидат објавени.

Спроред евиденцијата на СВР Тетово за пријавени случаи на семејно насилство, во гостиварско лани поднесени се 56 кривични пријави, претходната 2021 година, 34. Годинава бројот на кривични пријави до 1 јули изнесува 16 се однесуваат главно за физички напади и повреди.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK