На територија на Град Скопје вчера се изречени вкупно 189 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 40 санкции, 10 мерки за возење без возачка дозвола, 12 санкции за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл.
Од МВР денеска информираа дека е изречена 21 санкција за користење на мобилен телефон при управување возило, осум мерки за поминување на црвено светло, четири мерки за некористење на сигурносен појас…
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот.