Мислам дека Бујар Османи е класичен манипулатор и се обидува да ја дефокусира македонската и меѓународната јавност од криминалот кој што го откриваме деновиве за кој што тој молчи и не се произнесува за криминалот на неговиот шеф, односно за кланот Ахмети туку се обидува да ја дефокусира јавноста со работа која што е затворена. Нашиот претседател многу јасно кажа дека избори се единственото решение. Тоа дали има линија од ИК која што ги убедувала пратениците мислам дека е крајно несериозно да се тврди затоа што сите ние многу добро знаеме кои се нашите ставови и дека ќе опстоиме на нашите ставови, вака пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки на денешната трибина на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Корупцијата и криминалот, приоритет на власта на ДУИ и СДС“ ги коментираше обидите за дефокус на Бујар Османи со изјавата дека во ВМРО-ДПМНЕ имало линија која е за уставни измени.
Ковачки исто така додаде дека Бујар Османи и ДУИ треба да си погледнат во сопствениот двор и да не прават дефокус, обидувајќи се да прават проблеми таму каде што ги нема
„Бујар Османи и ДУИ треба да си погледнат малку во сопствениот двор затоа што тие кај себе имаат една линија која што не го подржува раководството и која што не се согласува со криминалот на сегашното раководство и да не прават обиди за дефокус од сопствените проблеми, обидувајќи се да прават проблеми таму кај што ги нема. Нашиот став по тоа прашање е јасен и тоа прашање е затворено“, потенцираше Ковачки.
Центар за комуникации со јавноста на ВМРО-ДПМНЕ