Со „Мој ДДВ“ за четири години кај граѓаните се вратени 6.6 милијарди денари или 107, 5 милиони евра

lukarevska_besimi_345353
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

 – „Мој ДДВ“ е успешен проект со кој за четири години кај граѓаните се вратени 6.6 милијарди денари или 107,5 милиони евра, информира денеска директорката на УЈП, Сања Лукаревска.

Таа на брифинг со медиумите сподели податоци по повод четиригодишното постоење на проектот мој ДДВ, нагласувајќи дека е поддржан од луѓе на различна возраст.


Според презентираните податоци, за регистрирани корисници на мој ДДВ низ годините, во 2019 имало 213 055 корисници, 2020 нови 149 753, 2021 нововклучени 74 668, 2022 со нови 70 314 и во 2023 нововклулени 31 129, или, вкупно 538 919 корисници.

Лукаревска сподели и податоци за исплата на мој ДДВ по години. Така во  третото и четвртото тримесечје во 2019 година биле исплатени 155.344.780 денари, во 2020 година 1.270.015.383 денари, во 2021 година 1.787.906.568 денари, во 2022 година 2.164.342.418 денари и прво тримесечје 2023 година 1.235.036.033  денари.

Според структура на корисници на Мој ДДВ, 293 348 се жени и 245.571 маж. До 18 години се 2 596 лица со вкупно над два милиона скенирани сметки, од 19 до 30 години се 99 749 со над 156 милиони скенирани сметки, од 31 до 50 години се 243 202 корисници со вкупно над 508 милиони скенирани сметки, од 51 до 61 година се 93 673 корисници со вкупно над 203 милиони скенирани сметки и над 61 година се 78 278 корисници со над 150 милиони скенирани сметки.

Топ 10 градови со граѓани со најмногу скенирани фискални сметки се Штип, Валандово, Кичево, Битола, Велес, Скопје, Прилеп, Кочани, Неготино и Гевгелија.

Најмногу скенирани сметки се од ланци маркети и бензински пумпи.

Лукаревска нагласи дека проектот позитивно се одразува и врз подигнување на даночниот морал, досега биле поднесени 5.632 претставки за неиздадени фискални сметки. Со тоа, посочи, се намалува нелојалната конкуренција и сивата економија. Таа повторно се осврна и на начинот на кој може да се стане дел од овој проект и да се скенираат сметки. Засега, најбројни се корисниците што скенираат сметки, од 31 до 50 години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK