– На територија на Скопје вчера се изречени 258 сообраќајни санкции меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 59 санкции, 18 за возење без возачка дозвола, 16 за користење мобилен телефон, девет за некористење сигурносен појас, осум за прекршоци од моторцикли…
Од МВР соопштија дека се изречени се и седум санкции за минување на црвено светло, три санкции за управување возило под дејство на алкохол.
Најавуваат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголемиме безбедноста во сообраќајот.