МВР: Изречени 90 санкции за брзо возење на територија на СВР Битола

stop_3453454344
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Во рамки на засилената акциска контрола што била спроведена вчера попладнето на територијата на СВР Битола санкционирани се 90 возачи кои возеле со брзина поголема од дозволената.







Од нив, како што информираат денеска од МВР, 61 возач ја пречекорил брзината во населено место, а 29 надвор од населено место. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Од полицијата најавуваат дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за поголема  безбедност во сообраќајот и заеднички придонес за посигурни патишта.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK