Кејн ја освои „Златната топка“, но не е меѓу 11-те најдобри играчи според гласовите на неговите колеги


14395177.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Хари Кејн официјално е најдобриот фудбалер на планетата, но според неговите колеги, не е доволно добар за да биде во идеалниот тим на светот!?


Светската асоцијација на професионални фудбалери (FIFPRO) ги објави најдобрите 11 за минатата сезона и го изненади фудбалскиот свет.

Пред сè со Хари Кејн, овогодинешниот освојувач на „Златната топка“, за кого немаше место во тимот. За да биде резултатот од гласањето уште побизарен, во него учествуваат само професионални фудбалери, кои очигледно не го ценат напаѓачот на Баерн ни приближно колку новинарите.

Отсуството на капитенот на англиската репрезентација од идеалниот тим претставува историски преседан за оваа награда бидејќи од востановувањето на оваа награда во 2005 година, никогаш порано не се случило сегашниот сопственик на „Златната топка“ да не биде вклучен во идеалните 11 на FIFPRO во истата година.

Интересен е и изборот на Давид Раја, за најдобар голман. Местот во идеалниот тим немаше за Унаи Симон, најдобриот голман на Светското првенство, кој неодамна на доделувањето на „Златната топка“, исто така беше прогласен за најдобра голман во светот.

Иронично според професионалните фудбалери, место на голот заслужи резервата на Симон во шпанската репрезентација, Давид Раја.

Играчи од 73 земји учествуваат во изборот, а Лионел Меси беше вклучен во најдобрите единаесет по рекорден 18-ти пат. Меси беше повторно избран во најдобриот тим откако беше изоставен во 2023 година. Во нападот му се придружуваат Ерлинг Халанд, Килијан Мбапе и Ламин Јамал.

Во идеалниот состав за сезоната 2025/2026 се наоѓаат четири шпански репрезентативци кои ја освоија титулата светски шампион ова лето: Родри, Пау Кубарси, Давид Раја и Јамал.

Идеалниот тим на FIFPRO:

Давид Раја (Арсенал/Шпанија)

Ашраф Хакими (ПСЖ/Мароко), Пау Кубарси (Барселона/Шпанија), Нуно Мендеш (ПСЖ/Португалија

Џуд Белингем (Реал Мадрид/Англија), Родри (Барселона/Шпанија), Витиња (ПСЖ/Португалија)

Ламин Јамал ​​(Барселона/Шпанија), Лионел Меси (Интер Мајами/Аргентина), Ерлинг Халанд (Ман. Сити/Норвешка), Килијан Мбапе (Реал/Франција).

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK