Во Тетово вчера се одржа хуманитарен настан за продажба на уметнички слики, а собраните средства ќе се дадат на Здружението за церебрална парализа од градот. По иницијатива на уметникот Славчо Максимовски, неговите колеги донираа уметнички дела кои се продаваа и се собраа средства кои ќе ги користи Здружението за церебрална парализа.
-Се надеваме дека добиените средства ќе ги вложиме за потребите на нашите децата. Секоја помош е добредојдена, знаете во какво време живееме, во економска криза. Вакви хуманитарни акции нема многу и секогаш се радуваме на вакви акции. Оваа е прва од ваков вид и се надеваме дека нема да боде последна, изјави Драги Неделчевски, претставник на Здружение за церебрална парализа Тетово.
Со свои музички настапи и Трио Шербет се приклучи на настанот со цел анимирање на повеќе донатори.