Истражување: Потребите на младите на локално ниво

lokalni-banki
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дел од младите никогаш не биле вклучени во решавање на некаков проблем во општината, мнозинството не се запознаени со тоа што е младинска политика, а над половина никогаш не учествувале во креирање на програма или буџет за млади во рамки на нивната општина. Ова се главните наоди од истражувањето „Потреби на младите на локално ниво”, спроведено од Здружение на граѓани „Младите можат’ во општините Струмица, Велес и Кочани.







Истражувањето е спроведено во текот на февруари-март оваа година, користејќи два пристапа: квалитативен пристап преку спроведување на фокус групи и квантитативен пристап преку спроведување на онлајн анкети, со дизајнирање на примерок според застапеност на млади луѓе во општината.

– Актуелната ситуација со младите на локално ниво, ја поттикна потребата да се добијат конкретни податоци за вклученоста на младите во процесите на донесување одлуки и нивното учество во општествените текови на локално ниво. Младите се фактор за промени, потенцијал за кој треба да се охрабрува и поддржува, пред се од нивните општества. Затоа, нивната улога во денешните општества е од големо значење за демократските процеси, па заради тоа нивното оспособување, развој и подготвеност се од клучно значење, велат од Здружението на граѓани „Младите можат“.

Истражувањето „Потребите на младите на локално ниво“ е дел од проектот Младински Локални Банки. Во рамки на проектот се формираа три одбори на локалните банки во Струмица, Велес и Кочани. Се очекува во наредниот период отворање на јавен повик за поддршка на иницијативи од фондот на локалната банка, кој е формиран преку донации на локалната власт и локалната бизнис заедница. Целта е создавање на механизам за соработка помеѓу младите, локалната власт и локалната бизнис заедница.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK