Ердоган му честитал на Мицотакис за преземањето на функцијата и се договориле да се сретнат на НАТО Самитот

micotakis_erdogan_34534543
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис имал телефонски разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој му се јавил да му честита за преземањето на функцијата, соопштија од кабинетот на Мицотакис, јави дописничката на МИА од Атина.

Според истите информации, грчкиот премиер и турскиот претседател се договориле да се сретнат на НАТО Самитот што на 11 и 12 јули ќе се одржи во Литванија.


Ова ќе биде прва средба на Мицотакис и Ердоган по повеќе од една година и по изборите во двете земји откако грчкиот премиер и турскиот претседател добија нов мандат од граѓаните.

Паралелно, Мицотакис имал телефонски разговор и со германскиот канцелар Олаф Шолц, кој исто така му се јавил да му честита, а разговарале за билатералната соработка и соработката во рамките на Европската Унија.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK