Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека е премногу рано да се „извлекуваат заклучоци“ по неуспешниот бунт на паравоената група Вагнер во Русија.
Бајден оцени дека е важно западните земји да останат целосно координирани.
– Ние не се мешавме. Немаме никаква врска со тие настани, рече американскиот претседател, осврнувајќи се конкретно на НАТО.
Бајден додаде дека тоа е „внатрешен проблем на Русија“.