Конференција за вклученоста на Кина во примарните индустриски сектори во земјите од Западен Балкан денеска ќе се одржи во Европскиот Парламент во Брисел. Повод за овој настан е публикацијата на студијата „Вклученоста на Кина во екстрактивните индустриски сектори во Западен Балкан“, во ко-авторство на претседателката на ЕСТИМА, Ана Крстиновска.
На конференцијата д-р Крстиновска ќе ги презентира клучните наоди од оваа студија, осврнувајќи се притоа на улогата на Кина во трката за критични суровини во Западен Балкан, истакнувајќи го нивото и интензитетот на инвестициите помеѓу Кина и земјите од Западен Балкан и трговските врски воопшто. Студијатa се осврнува и на ризиците поврзани со кинеските инвестиции преку потенцијалните негативни последици од нив врз животната средина и стандардите за доброто владеење во земјите не Западен Балкан, како и кинескиот интерес за примарните суровини во земјите од регионот.
Оваа Студија е поддржана од групата на зелените партии во Европскиот Парламент и регионалната платформа CHOICE – China Observers in Central and Eastern Europe.