Заловувачкиот тим на ЈП Лајка оваа недела ќе започне со стратешко заловување во општина Центар.
Тимот ќе се обиде да го залови секое бездомно куче коешто ќе го сретне во овој реон, а кое го нема поминато хуманиот третман, соопштуваат од Лајка.
Ќе бидат посетени следниве локации: Пролет, Маџир Маало, Крњево, Ново Маало, Тасино Чешмиче, Панорама, Водно, Капиштец, Буњаковец, Дебар Маало и Градски Парк.
Доколку граѓаните од општина Центар имаат бездомно куче кое сакаат да го посочат на тимовите или да го донесат директно во ЈП Лајка, нека не контактираа на следниот телефон: 02 256 5859.