Амбасадорот на Малта со донации за Детската клиника и за Стоматолошкиот клинички центар

donacii-klinika
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Амбасадорот на Малта, Франческо Саверио Џуисти донираше апарати за Детската клиника и за Стоматолошкиот клинички центар. Станува збор за медицинска опрема на Универзитетската Клиника за детски болести и апарат за прочистување на воздухот и уништување на вируси и бактерии на Стоматолошкиот клинички центар, информираат утрово од Амбасадата на Малта.

– Џуисти донираше четири апарати, инфузиони пумпи, за потребите на младите пациенти во Универзитетската клиника за детски болести, кои според лекарскиот тим, беа повеќе од потребни. Церемонијата за донација на медицинската опрема се одржа во просториите на Клиниката во присуство на Џуисти, медицинскиот директор проф. д-р. Стојка Нацева Фуштиќ и оганизациониот директор Аркин Јахији. На состанокот беше договорено дека во текот на оваа и следната година, Амбасадата ќе продолжи да ја поддржува Клиниката и со поголеми проекти. Амбасадорот донираше и апарат за прочистување на воздухот и уништување на вируси и бактерии на Универзитетскиот Стоматолошки клинички центар „Свети Пантелејмон“ Скопје, на Одделот за орална хирургија. Оваа донација е по иницијатива на сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, која се погрижи ваквата иницијатива да се финализира во активна соработка со Амбасадата на Суверениот воен ред на Малта во Република Северна Македонија. Церемонијата за донацијата на апаратот се одржа во просториите на Универзитетскиот Стоматолошки клинички центар, во присуство на Џуисти, Ѓоргиевска и директорот д-р спец. Ариан Даци, се појаснува во соопштението.


Донациите на Амбасадата, додаваат оттаму, претставуваат конкретен и значаен гест во добротворни цели и солидарност, со цел поддршка на младите генерации на македонскиот народ, кои се иднината на земјата.

– Според повеќе од 100 годишната традиција на Суверениот воен ред на Малта, амбасадата во Република Северна Македонија најавува спроведување на слични хуманитарни иницијативи во иднина, со цел да се помогне на најзагрозените и на лицата со посебни потреби, се истакнува во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK