ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Антикорупциска комисија молчела четири години иако знаела за скандалите на Мерко

vmro-dpmne
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

ВМРО-ДПМНЕ реагира зошто Државната комисија за спречување на корупција молчела четири години, иако знаела за случај во кој имало основано сомнение за криминал за струшкиот градоначалник Рамиз Мерко.

– Денеска Државната комисија за спречување на корупција излезе со признание дека пред четири години реагирале за случај каде има основано сомнение за криминал на струшкиот градоначалник Мерко, а Судскиот Совет политички контролиран од СДСМ и ДУИ го згаснал. Отворено се поставуваат две прашања, зошто Антикорупциската комисија молчела четири години иако знаела за скандалите на Мерко, и кој од власта на СДСМ и ДУИ правел притисоци во судскиот совет да го згасне предметот на струшкиот градоначалник, прашуваат од ВМРО-ДПМНЕ.


Според опозициската партија, најмала работа се оставките во Судскиот Совет, бидејќи, како што велат, потребна е оставка на цела Влада.

– Криминалот е длабоко метастазиран во сите институции на државата, нагласуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK