Млад скопјанец лишен од слобода по претрес во неговиот дом

priveden
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, синоќа во 21.15 часот на подрачје на Аеродром, го лишиле од слобода 21-годишниот скопјанец со иницијали А.Г., информираше Министерството за внатрешни работи.

– При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени марихуана и дигитална вага, се појаснува во соопштението.


Тој бил задржан во полициска станица. По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK