Врховниот суд на Русија вчера ја одби жалбата на опозиционерот Алексеј Навални, во која се жалише дека затворот не му обезбедил опрема за пишување.
Навални е осуден на 11,5 години затвор поради наводна измама и други обвиненија за кои тврди вели дека биле измислени за да го замолчат.
Нему му се суди за голем број други кривични дела, за кои би можел да остане во затвор уште неколку децении. Поранешниот адвокат претежно е во самица во затворот ИК-6 во градот Мелеково, 235 километри источно од Москва.
Навални се жалеше до Врховниот суд, сметајќи дека властите не требало да одбијат да му дадат пенкало и хартија, што е право на сите приведени.
Не барам дополнителна храна. Не барам елка за мојата ќелија. Зборуваме за основното човеково право на хемиско пенкало и парче хартија за да може да напише писмо или да се жали до судот, наведе Навални.
Неговата жалба помина низ низа пониски судови, но највисоките ја отфрлија.