Бајден и Моди ја поздравија новата ера на односи помеѓу САД и Индија

modi
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американскиот претседател Џо Бајден и индискиот премиер Нарендра Моди на синоќешната средба во Белата куќа ја поздравија новата ера во односите на нивните земји и најавија договори насочени кон спротивставување на кинеското глобално влијание.

– Партнерството е посилно, поблиско и подинамично од кога било досега, истакна Бајден на заедничката прес-конференција со Моди, додавајќи дека трговијата е повеќе од двојно зголемена во изминатата деценија и дека двете најсилни демократии во светот соработуваат на климата, здравствената заштита и вселенската технологија.


Ниту Бајден ниту Моди не упати директна критика кон Пекинг, имаше алузии на владата предводена од Си Џинпинг.

– – Темните облаци на принуда и конфликти фрлаат сенка над Индо-Пацификот. Стабилноста на регионот стана една од централните грижи на нашето партнерство, посочи Моди при обраќањето пред американскиот Конгрес.

На средбата двете земји најавија потпишување договори за полупроводници, критични минерали, технологија, вселенска соработка и одбранбена соработка и продажба.

Индија е најнаселената земја со 1,4 милијарди луѓе и петта по големина економија, а Моди се обидува да ја подобри својата позиција на меѓународно ниво, во време на тензични односи со Кина.

Вашингтон е загрижен поради блиските врски на Индија со Русија. Моди избегна директно да ја спомене Русија, но пред Конгресот истакна дека конфликтот во Украина „предизвикува голема болка во регионот, бидејќи се вклучени големи сили, резултатите се сериозни“.

САД се најголемиот трговски партнер на Индија, но Вашингтон имаат многу поголеми трговски односи со Кина, ЕУ и Канада.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK