Напладне ќе се знаат најдобрите, вечер се затвора МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп

vrakanje-doma
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со доделување на наградите на најдобрите и со претставата во чест на наградените „Последниот балкански вампир“, според текст на Дејан Дуковски, во режија на Александар Поповски, а во изведба на Српското народно позориште и Центарот за развој на визуелната култура од Нови Сад, вечер во Центарот за култура „Марко Цепенков“ ќе заврши 57. МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп.


Денеска напладне жирито во состав Јанко Љумовиќ, професор на ФДУ од Цетиње, Црна Гора, Мирослав Радољиќ, директор на „Стериино позорје“ од Нови Сад  и Милош Латиновиќ, директор на „Битеф“ ќе ја соопшти одлуката за најдобрите остварувања и за најдобрата претстава.

Синоќа публиката ги виде последните две од 10-те претстави во официјалната програма: „My name is Medeja“ на битолскиот и „Несфатената цивилизација“ на анасамблот на охридскиот театар. Се одржаа и разговорите на тркалезната маса за овие претстави.

Од 9 до 16 јуни Фестивалот понуди богата програма: 10 претстави во официјалната програма, пет во независната продукција, дипломски претстави, фестивалски зони, театар за деца, промоции, разговори на тркалезната маса.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK