Изложба 20 години Арт Поинт – Гумно: „Убавина уловена пред да исчезне“

izlozba
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Со голема ретроспективна изложба на дела од постојаната колекција на Меѓународниот центар за уметност и одржлив развој, Арт Поинт – Гумно, од село Слоештица, Демир Хисар, што ќе биде поставена во Офицерскиот дом во Битола, започнува чествувањето на 20-годишното креативно делување на центарот.







Како што информираат организаторите, од гумното во Слојштица во Кристалната сала на Офицерскиот дом во Битола ќе бидат пренесени дел од извонредното уметничко богатство – 65 слики, скулптури и фотографии, а изложбата насловена „Убавина уловена пред да исчезне“ ќе ја отвори младата македонска писателка, уредник и преведувач – Јулијана Величковска.

Оттаму најавуваат дека оваа есен истата поставка ќе биде претставена и пред скопската публика, во Младинскиот културен центар во Скопје.

Паралелно со големото ретроспективно претставување, во рамките на прославата на јубилејот, ќе бидат организирани и неколку тематски изложби „Последните селани“ во Центарот за култура и релаксација „Еригон“ во Слоештица, во градската библиотека „Борка Талески“ – Прилеп ќе биде претставена драгоцената фото-документација за рурален Демир Хисар што низ годиниве ја направија претставниците на престижната Либеречка школа за фотографија од Чешка, а во галеријата во Слоештица, единствена уметничка галерија во едно македонско село, преку целата година ќе бидат организирани тематски изложби.

Низ годиниве, на креативното гумно кое претставува расадник за регрутирање на културни амбасадори за Македонија, продефилирале 80 врвни уметници од целиот свет.

Проектот е делумно поддржан од македонското Министерство за култура, а реализацијата на оваа изложба ја поддржа и КИЦ Офицерски дом – Битола.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK