Полициски службеници од СВР Тетово денеска во Тетово ги лишиле од слобода тетовецот Г.С.(36), Н.А.(49) од тетовско Џепчиште и М.Н.(53) од тетовско Желино.
Како што соопшти МВР, тие се сомничат дека вчера околу 19:00 часот на улица „29 Ноември“ во Тетово од товарно возило „опел виваро“ со гостиварски регистарски ознаки, сопственост на Л.А.(52) од Гостивар, одзеле пари во различни девизи и апоени и други предмети.
-Парите и другите предмети биле пронајдени и ќе бидат вратени на сопственикот. Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава, велат од МВР.