Приведен крадец во Велес, осомничен за кражби во три продажни објекти

priveden
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Полициски службеници од СВР Велес вчера го лишиле од слобода С.Т.(27) од Велес, кој се сомничи дека во текот на денот од три продажни објекти во Велес одзел повеќе предмети.

Од МВР денеска информираа дека дел од одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците, а лицето било задржано во Полициската станица Велес.


По целосно документирање на случаите против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK