Завршна активност на проектот поддржан од НАТО „Учи и управувај, денес и во иднина“

nato
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Во организација на Центарот за економски политички, анализи и консалтинг (ЦЕПАК), со поддршка од НАТО, денеска се одржа завршната активност – семинар со панел дискусија, како дел од проектот под наслов „Учи и управувај, денес и во иднина“.

Во проектот, што се спроведуваше во период од 1 мај до денеска, беа вклучени студенти, активисти од студентските асоцијации од повеќе државни и приватни универзитети, како и претставници на институциите.


Како што информираат од ЦЕПАК, учесниците во проект имаа можност да се запознаат со тековната агенда, трансатлантска безбедносна соработка и нови безбедносни предизвици, договорот од Вашингтон, важноста на новиот стратешки концепт, колективна одбрана и промоција на вредностите на Алијансата.

– Во исто време младите како учесници на овој проект, а идни лидери на нашата нација, имаа можност да ги споделат и сопствените визии и очекувања како за нашата држава како членка на НАТО, така и за нивните идни очекувања од самата Алијанса, се додава во соопштението.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK