Димитриевски: Предложивме три решенија за проблемот со Бугарија, ниту еден од политичките чинители не крена телефон и да не праша за предлозите

maksim dimitrievski
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски во вчерашното гостување во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија потенцираше дека суштината на проблемот со Бугарија е како да се реши без евентуални последици по мнозинството граѓани коишто живеат во оваа држава, поради тоа што се јавуваат големи фрустрации кај секој еден Македонец.

„Тоа го покажува јавното мислење со сондажите, на ваков начин ќе се постигне еден контраефект и знаете што ќе ни се случи во континуитет ваквиот притисок? Ќе дојдат на еден голем коњ кинеските милијарди на овие простори. Ние од фактор за стабилност на Балканот ќе генерираме фактор на нестабилност во регионот, затоа овие големи државници го отвораат овој процес во моментот. Де факто е дека ќе следува политичка одлука за членство во Европската Унија. Се согласувам, ставот на претставникот од Соединетите Американски Држави на Сенаторот беше одличен, но адресиран на погрешна адреса. Истиот требаше да го адресира на Софија, бидејќи Софија е генераторот на проблемот. Што е Македонија? Протекторат или суверена држава? Знаете, доколку сте против протекторат тогаш некој треба и да ви ги плаќа секојдневните трошоци. Ние сме независна и суверена држава којашто мора да функционира врз база на мислењето на мнозинството на граѓани. Овие претставници во Парламентот во една посредничка демократија како што е нашата во Македонија се должни претходно да го почувствуваат чувството на народот и нивното мислење какво е, џабе ви е на вас и функција пратеник, и претставник во Парламентот, и министер доколку вашиот народ не се согласува со тоа. Или Евреите велат џабе му е на кралот ако народот нема, а тоа се случува во Македонија во моментов“, рече Димитриевски.


Во емисијата, тој посочи дека во моментов како здружение коешто во септември ќе се формира како политички субјект во најава делуваат вонпарламентарно, немаат свои претставници ниту во власта, ниту во опозицијата.

„Досега дадовме три решенија, ајде да направиме една ретроспектива наназад на нештата. Да се вратиме на сите оние идеи од референдумот, сите оние турбуленции коишто во континуитет се случуваа ад-хок по потреба за да се сервисираат на јавноста. Ние ќе најдеме решение по пат на дијалог, меѓународно убедување, лобирање и едноставно постигнување на решение. Како? По изборите, граѓаните тоа ќе го видат. Во текот на предизборието ние тоа ќе го соопштиме како што дадовме веќе три предлози, јас ги изнесов во јавноста за коишто ќе најде засходно, замислете, ниту премиерот, ниту пак некој од политичките чинители барем да крене телефон и да не праша какво е тоа решение. Дијалогот е суштинското решение за иднината на Македонија, политичкиот дијалог внатре и дијалогот со Европската Унија надвор. Но, за да се постигнат поголеми цели првенствено е потребно да се постигне големо политичко единство. Првенствено, национално единство помеѓу македонските политички субјекти, а потоа партнерско единство помеѓу сите етнички субјекти коишто функционираат во оваа држава, бидејќи оваа држава не е само на Македонци и на Албанци“, изјави Димитриевски.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK