Турскиот фудбалер Бурак Јилмаз објави денеска дека става крај на професионалната кариера која ја почна пред 21 година.
На репрезентативен план Јилмаз одигра 77 натпревари во дресот на Турција и постигна 31 голови со што е втор на вечната листа зад легендарниот Хакан Шукур (51 голови).
„Сакам да ѝ соопштам на целата земја дека ја завршувам кариерата. Среќен сум и горд на сè што постигнав во кариерата. Задоволен заминувам во пензија, а во план ми е да почнам тренерска кариера“, изјави Јилмаз на прес – конференција во Истанбул.
Јилмаз ја дочека фудбалската пензија како играч на холандски Фортуна Ситард, а во кариерата настапуваше и за најдобрите турски клубови – Фенербахче, Галатасарај, Бешикташ и Трабзонспор, како и за француски Лил и кинески Пекинг Гуоан.