Локалната полиција во околината на Љубљана пронашла мртов маж за кој се сомнева дека е напаѓачот кој уби две лица во главниот град на Словенија.
Наводно, пукањето се случило во барот „Сомбреро“.
Според неофицијални информации од СТА, сторителот наводно побегнал со автомобил, а со себе наводно имал повеќе оружје и рачна бомба. Тој го запрел автомобилот во Поље, излегол од него и потоа се самоубил.
Полицијата сè уште ја нема потврдено оваа информација.