Костадиновска-Стојчевска на скринингот за Поглавјето 26, „Образование и култура“

kostadinovska-stojcevska
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска денеска во Брисел со свое излагање ќе го отвори билатералниот скрининг-состанок за Поглавјето 26, „Образование и култура“.

Како што информира Министерството за култура, членовите на работната група ќе го презентираат нивото на усогласеност на македонското законодавство со правното законодавство на Европската Унија во областа на образованието и културата.


– Темите и областите во ова поглавје што ќе бидат опфатени на состанокот се однесуваат на соработката во областа на образованието и обуката, младите и спортот, културата, пристапот до образованието, како и учеството во програми и други инструменти на ЕУ, се вели во соопштението.

Министерството за култура, како една од надлежните институции за Поглавјето 26, е одговорно за креирање и спроведување на културната политика. Националната програма за развој на културата 2018 – 2022 година претставува долгорочна проекција на реформите во културната политика на Северна Македонија и основа за следната, која е во изработка, вклучувајќи ја културната политика на Европската Унија, Обединетите нации, УНЕСКО и на Советот на Европа.

Македонската делегација на скринингот ја предводи вицепремиерот за европски прашања и главен преговарач со ЕУ Бојан Маричиќ, a дел од неа е и министерот за образование и наука Јетон Шаќири, кој ќе презентира на темата: „Систем на образование: Политики и структури“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK