Отворен дневен центар за лица со попреченост во Градец општина Врапчиште

dneven centar Gradec
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

На пригодна свеченост во селото Градец, денеска беше предаден во употреба Дневниот центар за лица со попреченост. Овој проект произлезе од соработката локалната самоуправа, невладиниот сектор и Европската Унија

Овој центар ќе пружа услуги и ќе згрижува лица од дваесетина населени места во подшарпланинскиот регион кои потпаѓаат на општина Врапчиште. Во соодветно опремен простор и со пружање на нега времето ќе го поминуваат лица со физички, интелектуални и комбинирани пречки.


На отворањето, министерката за труд и социјална Јована Тренчесвка напомена дека дневните центри претставуваат мост меѓу социјализирањето, учењето на нови вештини и нови активности на лицата со попреченост и ја нагласи политиката која владата ја спроведува.

– Идејата за едно општество за сите, но и развој без никој да биде оставен одзади е инкорпорирана токму во центрите како овој. Општина Врапчиште со отворањето на овој центар, јасно покажува грижа за секој свој жител. За мене најважно од се е задоволството на граѓаните. На користа кој лицата со попреченост го имаат токму од ваквите центри, јас сум лично сведок и затоа и понатаму ќе се залагам посветено за комплетирање на процесот на деинстуционализација, но и за доближување на сервисите од социјалната заштита до секој граѓанин, рече Тренчевска

Отворањето на овој центар е овозможено преку финансиска поддршка на Европската унија со проектот „Интегрирана и инклузивна општина Врапчиште – За сите!“

Пофални зборови за соработката и реализацијата искажа и Штефен Худолин, шеф на секторот за соработка во Делегацијата на ЕУ

Првиот човек на општина Врапчиште, Исен Шабани ја потенцираше важноста од отворање на ваков центар во регион како што рече со околу 40 илјади жители и ја истакна соработка со европската комисија.

– Општина Врапчиште има одлична соработка со ЕУ и ова е трет проект поддржана од ЕУ. Овој центар значи практично и одржливо решение за социјална инклузија на децата и лицата со попреченост, рече градоначалникот Шабани

Изградбата на Центарот започна минатата година по што следуваше набавка на неопходната опрема и материјали за функционирање на истиот. Во овој центар ќе работи соодветно обучен тим. Според Љулзим Хазири, извршен директор на Асоцијацијата за демократска иницијатива (АДИ) соработката со граѓанскиот сектор придонела за успешна реализација на целата идеја.

Спроведувањето на овој е предвиден за 32 месеци и предвидува распределба на вкупен буџет од 425.288,45 евра за спроведување на активностите. 85% од средствата се обезбедени од Делегацијата на ЕУ, додека 15% од Министерството за локална самоуправа и е во рамки на ИПА II Годишна Програма за Република Северна Македонија за 2020 – ЕУ за општините.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK