На Граничниот премин Табановце ноќеска во 02.00 часот полициски службеници го лишиле од слобода Џ.С.(42) од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „внесување на противправно прибавени добра под привремена заштита, културно наследство и природни реткости “ по чл. 266-б од Кривичниот законик.
Како што соопштија од МВР, при извршена дополнителна контрола од страна на полициски службеници, кај Џ.С., кој на граничниот премин пристигнал со патничко возило „волво“ со скопски регистарски ознаки, негова сопственост, а управувано од Е.Е.(39) од Скопје, биле пронајдени стари монети во различна големина.
– Пронајдените предмети биле одземени и заедно со приведениот биле предадени на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот ќе следи соодветен поднесок, стои во соопштението од МВР