Сириските државни медиуми јавуваат дека противвоздушната одбрана на земјата вчера се соочила со израелски ракетен напад во околината на главниот град Дамаск, при што немало жртви.
Повикувајќи се на извор од сириската армија, државните медиуми јавија дека Сирија била нападната од правец на окупираната Голанска Висорамнина и оти биле гаѓани неколку цели кои не се идентификувани.
– Нашата противвоздушна одбрана се соочи со ракетите на агресорот, соборувајќи неколку од нив само со материјална штета, тврди воен извор.