Младите невработени кумановци да аплицираат за практикантство повикаа од Центарот за вработување

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Младите кумановци да се пријават за мерката практикантство, повикаа денеска надлежните од Центарот за вработување Куманово. Мерката е доста популарна и меѓу компаниите и кај младите невработени, велат стручните, бидејќи од една страна работодавците си креираат кадар потребен за нивната дејност, а младите се стекнуваат со знаења и вештини и можност за идно вработување.

– Врз основа на оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на труд за 2023 година, усвоен од Владата, Агенцијата за вработување, објави јавен повик за мерката практикантство. Мерката се однесува на младите невработени лица до 29 години, евидентирани како активни баратели на работа со завршено минимум средно образование, а кои немаат работно искуство. Мерката се спроведува три месеци, младите добиваат бруто 11.000 денари со вклучено осигурување за инвалидност и телесно оштетување и професионална болест и данокот на личен доход, изјави раководителката на Центарот за вработување, Марија Димитријевска.



Работодавците, немаат обврска да го вработат практикантот, иако крајната цел на мерката е вработување на младите кои веќе стекнале искуство во компанијата. Сега компаниите имаат обврска да обезбедат ментор којшто ќе го обучи младиот практикант низ процесот на работа. Јавниот повик е отворен сè до исполнување на бројката која на ниво на државата изнесува 1.600 лица.

– Во процесот на селекција предвид се зема и принципот на рамномерен регионален развој, а според тоа североисточниот е најнерзавиен регион, па така очекуваме бројката за Куманово да биде поголема, изјави Димитријевска.

Минатата година преку мерката за практикантство во кумановскиот Центар за вработување Куманово склучени биле 201 договори од кои 32, 5 проценти од практикантите се вработени.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK