Ракии од домат и портокал беа само дел од натпреварувачките производи на ,,Тиквешка ракијада 2023″ во Вински музеј Кавадарци

opshtini
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Ракии од домат и портокал беа само дел од натпреварувачките производи на ,,Тиквешка ракијада 2023

Кавадарци, 25 мај 2023 (МИА) – Ракии од домат и портокал беа само дел од натпреварувачките производи на ,,Тиквешка ракијада 2023″ во Вински музеј Кавадарци. Како што појасни денеска за МИА, Јордан Настов, којшто беше дел од организацијата на овој меѓународен фестивал, во трката за најдобри ракии, во повеќе категории, покрај традиционалните, од винови лози, влегоа и ракии од сливи, кајсии, дуњи, цреши, најразлични тревки, ликери од малини и други.


– Вчера Кавадарци имаше манифестација во чест на најдобрите жестоки пијалаци. Беа доделени награди на најдобрите производители на ракии, откако од стручни лица беа оценети мостри од производите, испратени по јавниот повик на фестивалот, рече Настов.

Директорката на музејот, Весела Честоева рече дека зголемувањето на бројот на туристи што ја посетуваат оваа институција, е доказ дека е голем бројот на оние што сакаат да се запознаат со историјата, културата и традицијата, на најголемиот лозаровинарски регион во државата, Тиквешкиот. Таа нагласи дека поддржуваат вакви и слични манифестации, со цел промоција на богатството на регионот.

Околу 250 мостри пристигнаа на оценувањето, организирано од Здружението на производители и мали дестилерии за жестоки алкохолни пијалоци, ,,Ж”та, во соработка со кавадаречката локална самоуправа и Вински музеј. Од македонски производители, но и од Србија, Словенија, Унгарија, Романија, Бугарија и Грција.

На натпреварот за најдобри ракии, свои мостри можеа да испратат регистрирани мали дестилерии и индивидуални производители. Имаше неколку категории за оценување. Лозова жолта до три години, лозова жолта постара од три години, лозова бела, мастика, овошни ракии од слива, дуња, кајсија, крушка, вишна, ликери и останати ракии, траварици, џин, од други овошја. За над седум мостри од одреден тип ракии, се формираше посебна категорија за оценување. Оценувањето на ракиите го вршеше стручна петчлена комисија, под раководство на професор доктор Нинослав Никиќевиќ и професор доктор Михаил Петков.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK