Општина Куманово поднесе кривична против членови на Управен одбор на јавна општинска установа

kumanovo
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Општина Куманово поднесе кривична пријава против членови на управен одбор на јавна општинска установа, информираа денеска од општината. Членовите на УО на општинската установа, при распишување на јавен оглас за избор на директор, како што информираат од општината постапиле спротивно Статутот на општинската установа.







– Истите како службени лица – членови на управен одбор на јавна општинска установа во постапка во распишан јавен оглас за избор на директор на таа општинска установа, со искористување на својата службена положба, со пречекорување на границите на своето службено овластување и со неизвршување на својата службена должност, прибавиле за трето лице корист, така што со умисла истото го предложиле за директор со втор повторен предлог, иако од градоначалникот биле претходно известени и знаеле дека постапуваат спротивно на член 37 став 3 од Статутот на јавната установа, бидејќи предложениот кандидат не ги исполнувал условите по распишаниот јавен оглас за избор на директор, информираат од општина Куманово.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK