Националната установа универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“-Битола и Јавната општинска установа Зоолошка Градина-Битола го одбележаа светскиот ден на биолошка разновидност и потпишаа меморандум за соработка.
Со заедничкиот документ се овозможува взаемна размена на информации, знаења и искуства од областите на образованието, културата и билошката разновидност учество, соработка и реализација на заеднички проекти, одбележување на значајни настани преку организирање на работилници, предавања, трибини, промоции и работилници.
Меморандумот го потпишаа директорот на НУУБ „Св.Климент Охридски“-Битола м-р Бојан Стефановски и директорката на ЈОУ Зоолошка Градина-Битола, Елена Мирчевска.