„Њујорк Тајмс“: Американските разузнавачки агенции веруваат дека нападот со беспилотно летало врз Кремљ можеле да го извршат Украинци

njujork
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Американските разузнавачки агенции не знаат точно кој го извршил нападот со беспилотно летало врз Кремљ во Москва овој месец, но укажуваат дека тој би можел да биде дел од серијата тајни акции со кои управуваат тајните служби на Украина, пишува „Њујорк Тајмс“.

Според американски претставници, цитирани од весникот, нападот со два дрона „веројатно бил организиран од една од украинските специјални воени или разузнавачки единици“.


Нападот, посочува „Њујорк Тајмс“, е последен во серијата тајни напади врз руски цели кои администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден ја држат во состојба на немир.

Не е познато дали претседателот на Украина, Володимир Зеленски, знае за овие акции, ниту дали неговите најблиски соработници знаат за нив, иако некои официјални лица сметаат дека Зеленски не знае за нив.

Американските агенции донесоа прелиминарен заклучок врз основа на пресретнати комуникации во кои руските власти ја обвинуваат Украина, но и врз основа на пресретнати комуникации во кои украинските власти сметаат дека нивната земја стои зад нападот.

Во раните утрински часови на 3 мај, два дрона го погодија Кремљ, предизвикувајќи само мала штета.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK