Гувернерот на Флорида, Де Сантис се вклучи во републиканска претседателска трка

de-santis
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Републиканскиот гувернер на Флорида, Рон Де Сантис вчера поднесе документи до Федералната изборна комисија за претседателска кандидатура за изборите во 2024 година.

Со тоа Де Сантис ќе биде најголемиот ривал на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.


Де Сантис студирал на елитните универзитети Јеил и Харвард. Покрај тоа, тој беше во американската морнарица и учествуваше во воената интервенција во Ирак. По активната служба, Де Сантис работеше како федерален обвинител, а во американскиот Конгрес првпат влезе во 2012 година.

Тој првпат стана гувернер на Флорида во 2018 година, а беше реизбран во ноември минатата година.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK